Снежно невреме го зафати Балканот

Снежно невреме го зафати целиот Балкански полуостров, со снег денеска се разбудија граѓаните на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во Македонија.

Снег со јак ветар ги натера властите во повеќето балкански држави да апелираат до возачите да носат зимска опрема во своите автомобили и внимателно да се движат додека патуваат поради стравување од голомразица.

Снег вчеравечер паѓаше и во Сараево при што се предизвикало мал застој во сообраќајот, тамошните медиуми пренесуваат дека возачите кои во тој момент се нашле на патот биле заглавени поради недостатокот на механизација за чистење на улиците.

Според метереолозите снегот би можел да потрае и во следните неколку денови, а според нив до крајот на месецот не очекуваат уште три снежни бранови.

sneg

Јак ветар и снег на планините ја зафати и Македонија, најладно денеска беше во Куманово, а ветерот најсилно дуваше во Штип.