Ќе се снима филм за Аркан, ќе глумат Роберт де Ниро и Ева Мендез

Ќе се снима филм за Аркан. Холивуд наскоро ќе почне да снима филмот „Скокот на тигарот“ инспириран од Жељко Ражнатовиќ Аркан. Во филмот меѓу другите улогите ќе ги толкуваат оскаровесот Роберт де Ниро и Ева Мендез.

Филмот не го прикажува веродостојно животот на Аркан

Филмот ќе почне да се снима во февруари 2016-тата, во неколку држави
Филмот ќе почне да се снима во февруари 2016-тата, во неколку држави

Владимир Ѓорѓевиќ, автор на книгата „Аркан“ по која ќе се снима филмот, откри дека улогата на Цеца во филмот би требало да ја добие Ева Мендез.

Овој филм е инспириран од животот на Аркан, но нема да го прикажува веродостојно. Станува збор за акција која го следи вистинскиот живот на мафијата и нивните криминални активнсоти, како што тоа своевремо го направија „Скарфејс“ или „Кум“. Во нашата приказна мораме да се осврнеме на главниот јунак со тогашниот претседател на државата (Слободан Милошевиќ) и сопругата која е пејачка (Цеца), открива Ѓорѓевиќ.

Првиот кастинг за филмот е одржан вчера во Белград. Филмот ќе почне да се снима во февруари 2016-тата, во неколку држави.

Сега работиме на одредување локации во Србија, Шведска, Америка и Црна Гора која е замена за Грција. Направивме кастинг во Америка каде имаше повеќе од 1.000 актери, а дури 400 од нив се пријавија за главната машка улога. Имаме буџет од 7, 5 милиони долари, а целта ни е со ова остварување да ја освоиме Источна Европа, особено рускиот пазар, но се надеваме на голем успех и во САД затоа што лошите момци таму секогаш се популарни вели Ѓорѓевиќ.

Цеца откри кој сака да ја глуми неа

Информацијата за филмот ја изненади и Цеца, која за српските медиуми откри дека најмногу сака нејзиниот покоен сопруг да го глуми Вук Костиќ.

ceca-arkan-1386881646-411445
Цеца откри кој сака да ја глуми неа

 

Вук ми е пријател, добро се познаваме и јас мислам дека тој одлично би го одглумил темпераментот и карактерот на Жељко. Многу е талентиран и сигурно ќе му легне таа улога, наведе фолк дивата.

Еве како реагираше Цеца на информацијата дека нејзиниот лик ќе го толкува латиноамериканската дива Ева Мендез.

Ева Мендез да ме глуми мене? Изгледа феноменално, но таа е расна жена, а јас немам баш такви облини. Сепак, не се бунам. Не знам дали знае да пее, но тоа не е проблем. Тоа ќе го решат со плејбек. Сепак, ако ја дадат улогата на Аркан на Бред Пит, тогаш ќе прифатам сама да се глумам, се пошегува Цеца.

Сепак таа додава дека не е воодушевена многу поради филмот, бидејќи во него нејзиниот сопруг ќе биде прикажан како немилосрден убиец.