Снимал порнографски содржини со 16 годишно девојче и ги прикажувал на очувот

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П.(18), за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

Во текот на јули 2014 година, пријавениот за да ја продолжат љубовната врска со 16-годишно девојче ја уценувал со аудио и видео снимки кој ги имал снимено додека биле заедно.

На 15.07.2014 година, пријавениот креирал лажен профил на социјалната мрежа „фејсбук“ и на очувот на девојчето му испратил видео клип со порнографска содржина на кое било снимено девојчето.