Снимањето на францускиот филм продолжува кај Градско

Снимањето на францускиот филм „А фонд“ од денеска продолжува на нова локација на магистралниот пат А1, делница од мотелот Македонија до Градско.

Снимањето на францускиот филм продолжува кај Градско
Снимањето на францускиот филм продолжува кај Градско

Поради снимање на филмот, овој дел од патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 5 часот наутро  до 18 часот попладне. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.

Снимањето е планирано да се одвива во работните денови. Претходно снимањето се одвиваше на обиколницата кај Скопје