Снимен убиецот на српската пејачка?

Според последните известувања што ги даваат српските медиуми, убиството на пејачката Јелена било снимено на сигурносните камери што се вперени токму на местото на злосторството. Овој материјал цело време го има стрикото на познатата пејачка Емина Јаховиќ во својот дом, а не ни претпоставил дека 18 дена кај него се крие клучниот доказ.

Дали конечно ќе биде разрешена оваа мистерија, околу едно од најгрозоморните убиства во последно време што се случило на овој простор?

Со видеоснимката ќе се разрешат сите досегашни претпоставувања, дали Јелена е нападната од непознат сторител, дали е убиена на тоа место или дома, дали на снимката ќе биде забележано некое лице блиско на убиената пејачка или нешто сосема трето. Клучен фактор игра и квалитетот на снимката.

Полицијата веќе стапи во контакт со стрикото на Емина Јаховиќ и веќе беше на неговиот имот. Неколку полицајци повторно испитуваа околу насипот, каде што беше пронајдено телото на Јелена и каде што се верува дека е убиена.

Еден од најважните алки во расплетувањето на истрагата, до кои сè уште не успеала да дојде полицијата, е оружјето со кое е убиена пејачката. Полицајците побарале да им се отвори браварската работилница што е сопственост на братот на Емина, но полицијата од алатот таму не зела ништо. Со себе понела само едни патики и еден хард-диск.