Снимени од безбедносните камери- Ученички од Лондон бегаат во Сирија

Британската полиција денес упатила апел со цел да се пронајдат три средношколки од Лондон.

Девојчињата, кои се на возраст од 15 и 16 години, се верува дека се на пат кон Сирија, откако на почетокот на неделата отпатувале за Турција.

Имено, тие ги напуштиле своите домови во источниот дел на Лондон на 17 февруари, и од аеродромот „Гетвик” отпатувале за Турција со лет на „Туркиш Ервејс”.

Ниту една од нив претходно не ги известила родителите.

-Веруваме дека тие сè уште се во Турција и затоа праќаме апел, рекол Ричард Волтон од командата на лондонската полиција за борба против тероризам.

Полицијата соопштила дека соработува со турските власти во обид да се пронајдат девојчињата и да се вратат дома.