Снимено убиството на рускиот борач Јуриј Власко (ВИДЕО)

Снимката од последните моменти од животот на рускиот борач Јуриj Власко е објавена на социјалните мрежи.

На снимката објавена на „Ју Тјуб“ се гледа како еден од напаѓачите го прободува Власко во градите, а по неговиот пад на земја, друг напаѓач му пришол и го удрил неколку пати по глава.

Двајцата напаѓачи кои продолжиле да го удираат Власко имаат криминални досиеја, а по ова тие се уапсени и се соочуваат со потенцијални доживотни казни.

Инаку, до судирот дошло кога Власко со пријателите го посетил Бајкалското езеро во текот на турнирот во борење во престолнината на Буратија, Улан-Уде. Власко на тој турнир освоил злато.

Власко е убиен кон крајот на јули во Буратија, а погребан е во понеделникот во Ос, каде што е роден, пишува „Раша тудеј“.