Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Момчиња возеа брзо и го снимија моментот како го загубија животот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Момчиња возеа брзо и го снимија моментот како го загубија животот

Двајца Британци возеа со 150 на час и го снимија моментот како го загубија животот. Младите момчиња удриле во ѕид на црква и го загубија животот на лице место.

Во сообраќајната несреќа што се случила во местото Ротерфилд, животот го загубија Мајкл Овен (21) и Кајл Керфорд (20) кој го управувал возилото.

Овен го снимал својот другар непосредно пред страшната несреќа. Момците биле во автомобил „Рено Клио“, а го загубиле животот кога се забиле во ѕидот на локалната црква.

На видео снимката се слуша како Овен му говори на пријателот да намали малку затоа што возат со 150 километри на час. Снимката од оваа несреќа во јавноста беше објавена од страна на семејството на Мајкл.

Кога момчињата удриле во ѕидот, соседите ислегле откако ја случнале бучавата, а потоа веднаш повикале пожарникари, кои на крајот морале да го исечат автомобилот за да ги извлечат, но момчињата веќе биле мртви.