Снимка којашто го усвити интернет: Му го дрпна бакшишот на слепиот музичар

Изминатите денови на социјалните мрежи се врти снимката којашто разгневи многу корисници. Станува збор за снимка којашто е направена на концерт на Дејан Матиќ. Додека популарниот пејач ги изведувал своите хитови, гитаристот од бендот му ги земал парите од клавијатурата.

Остро со прекори беше коментирана снимката на којашто се гледа како гитаристот погледнува дали некој го гледа, а потоа ги зема парите кои стојат пред Матиќ и продолжува да свири како ништо да не се случило.

Потегот на гитаристот наиде на жестока осуда од јавноста, бидејќи многумина мислеле дека колегата на Матиќ намерно го искористил моментот и кришум ги земал парите. Откако снимката се прошири на интернет и порталите во соседна Србија, се огласи и самиот Дејан Матиќ и ја појаснил ситуацијата којашто многумина ја погрешно ја сфатиле. Имено, не станува збор за кражба, туку за договор, што го потврдил и самиот пејач, брат близнак на исто така позантиот пејач Саша Матиќ со кој како бебиња го загубиле видот.

„Сѐ е познато и нема никакви сомневања. Игор и јас веќе осум години соработуваме, патуваме и настапуваме. Нашиот интерен договор во бендот е бакшишот да стои кај Игор., така што непотребно се крена прашина. Ние без проблеми, како и по секој настап, го поделивме бакшишот од свирката“, изјавил Матиќ за белградски Блиц.