Снимка од дрон: Граѓаните масовно кажаа НЕ на политиките на Заев и СДСМ

Река од народ вечерва се упати кон седиштето на СДСМ каде преку мирен протест го искажаа своето незадоволство од одлуката за аболицирање на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

Од ГДОМ, чиј собир вечерва е поддржан од околу 20.000 граѓани, велат нема да дозволат украинско сценарио во Македонија, а децидно посочуваат дека избори на 5 јуни треба да се одржат за излез од заложништвото и политичката криза во која, како што додаваат, Заев и СДСМ ја втурнаа Македонија.