Снимка од потонатиот траект: „Не можам да се поместам, мислиш ќе умреме?“

„Бродот се навалува. Целосно е на една страна. Не можам да се поместам. Мислиш ли дека ќе умреме? Што се случува?“

Овој драматичен разговор е снимен со мобилен телефон на јужнокорејскиот тракет кој потона на 16-ти април со 476 патници, воглавно средношколци.

Снимката од триминутниот разговор која со својот мобилен телефон ја наравил тинејџер на бродот пред да потоне го објавла јужнокорејска телевизиска куќа.

Таткото на детето ја предал мемориската картичка до телевизиската куќа бидејќи не била оштетена, откако било пронајдено телото на неговиот син.

„Мамо, тато! Што ќе биде со мојот помлад брат?“, се слуша како еден ученик прашува низ солзи.

Некои барале појаси за спасување. На снимката е забележана и порака од разгласот, очигледно од некој од екипажот, кој вели дека сите треба да останат на своите места.

„Немојте да се поместувате. Останете каде што сте…“

Патниците разговарале меѓусебно, сакајќи да добијат што овеќе информации. На снимката се слуша глас како говори: „Мислам дека се смирува“.

„Се смирува?“;

„Сега се навлува кон лево“;

„Мислам дека сега ситуацијата е подбра отколку што беше“;

„Носам појас за спасување“;

„И јас исто. Навистина морам“;

Патниците си помагале еден на друг.

На снимката се гледа како патницит меѓусебно си помагаат сите да добијат појас за спасување, но како тече видео снимката, се чини дека никој не знае што точно се случува.

Една личност прашува „А што прави капетанот“?

Подоцна се слуша како еден патник вели дека некој треба да им каже што се случува.

Капетанот на потонатиот траект и уште 14 членови на екипажот се уапсени, а поради најголемата трагедија во поноватисторија на Јужна Кореја оставка даде и јужнокорејскиот премиер, чија Влада јавноста ја осуди за бавната реакција.