Снимка од разгорувањето на големиот пожар во Атика

Видео снимено од безбедносна камера на куќа од почетокот и ширењето на катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атина објави денеска онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.

На видеото се гледа дека пожарот од 23 јули што одзеде 96 животи, започнува во 16:41 во местото Дау Пендели, а огнените јазици за само неколку минути со голема брзина се шират кон населбите Неос Вуѕас и Мати

Според очевидци, пожарот го предизвика жител на областа кој се обидел да пали суви гранки, пишува „Катимерини“ во објавеното видео.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.