Снимка од убиството на црномурестото момче во Кливленд

Објавена е снимката на која се гледаат последните мигови од животот на дванаесетгодишното црномуресто момче од Кливленд, кое беше застрелано од страна на полицијата, под сомнеж дека има пиштол, за кој подоцна се утврди дека бил лажен.

На видеото се гледаат само кадри од пред и по пукањето.

Од полицијата велат дека детето носело пластичен пиштол, кој изгледал како вистински и додаваат дека снимката е објавена по барање на родителите на починатото момче. Оттаму потенцираат дека пред да пукаат полицајците три пати го предупредиле момчето да застане.

Дванаесетгодишниот бил застрелан откако анонимен извор се јавил во полиција и пријавил дека наоколу се шета човек со пиштол.