Снимката на „Ју Тјуб“ ќе биде доказ против Заев

Премиерот Зоран Заев денеска дојде на рочиштето во Основниот суд Скопје 1 каде по две години почна судењето за случајот „Поткуп“ во кој на лидерот на СДСМ му се суди за поткуп. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Судијата Дарко Тодоровски веднаш го одби предлогот на одбраната да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството како незаконски и да не важат. Адвокатите на Заев претходно побара од судот да ги издои снимките објавени на Јутјуб, на кои се гледа разговорот на премиерот и бизнисменот,односно да ги земе во предвид напаствијата дадени од Апелацискиот суд.

Судијата Тодоровски го одби предлогот на одбраната и ги прифати снимките како доказ во постапката за поткуп бидејќи така одлучил Советот на Основниот суд Скопје 1. Тој образложи дека снимките се прибавени на законит начин, односно со посебни истражни мерки и можат да бидат доказ за оваа постапка.

Според Тодоровски, лицето кое се појавува како соговорник на снимката со Заев, не е агент провокатор, односно лице со прикриен идентитет, како што тврди одбраната на Заев.

Обвинителката од јавното обвинителство за за организиран криминал и корупција во воведен говор пред судот нагласи дека ќе докаже дека Заев во својство на градоначалник на општина Струмица во текот на 2013 ги сторил дејствата за кривичното дело примање поткуп и дека е одговорен за истото.

https://www.youtube.com/watch?v=ladDS4RuPLQ

За разлика од обвинителството, одбраната на Заев смета дека не постои кривичното дело за кое се товари нивниот клиент. Според адвокатот Филип Медарски, во моментот кога била остварена средбата за која постојат снимки за наводно договарање за поткуп, постапките за приватизација на земјиштето биле целосно завршени, а сведокот не дал ниту едно евро за изградба на црква.

Медарски тврди дека клучен елемент за да постои кривичното дело за кое се гони Заев е да биде направена трансакција што во овој случај не постои. Тој нагласи дека постоел јавен повик за донација на изградба на црква во Струмица, а меѓу донаторите бил и Заев со неговото семејство со донација од 50.000 евра.

Заев, пак изјави дека не е виновен.