Снимки од „Монструм“ се клучни за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ?!

Судскиот процес „Монструм“ кој вчера за прв пат требаше да почне под палката на СЈО и откако беа пуштени на слобода обвинетите, е одложен бидејќи обвинетиот Фејзи Азири бил во болница и не можел да присуствува.

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на рочиштето за случајот Монструм се обрати пред судот.

И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

 

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината.

Неговата сопруга и мајка на убиениот Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“.

 

Невзат Бејта беше клучен за коалиција на ДУИ со СДСМ

Во периодот после изборите во декември 2016 во ДУИ се случуваше неофицијална поделба на два табори, оние кои беа за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по т.н. правило победник со победник и втората струја која ја сочинуваа тогашните потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити кои се залагаа за коалиција со СДСМ, пишува Курир.