ВИДЕО: Застрашувачки снимки на руски специјалци во пеколот на Сирија

Сирија

Руската армија во копнените борби во Сирија за прв пат снимена на фотографии, кои се појавија во јавноста. Записите вчера ги објави руската државна телевизија „Русија 24“, и на нив се гледаат припадници на специјалните воени единици како елиминираат радикалисти, изведуваат снајперски напади и наведуваат роботски тенкови во улични борби.

Исто така, прикажани се и елитни единици во текот на учество во операции за пребарување и спасување, какко и координирани воздушни напади.

Телевизијата „Русија 24“, која прва ги објави снимките, информира дека тие се направени во Сирија, но не извести од која точно локација.

Инаку, Русија за прв пат јавно призна присуство на свои специјални копнени единици во Сирија, во текот на превземањето на Палмира од ИСИС, во март, годинава. Но, досега сепак нема никакви информации за бројот на руски војници во Сирија, ниту пак за нивните точни локации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.