Сноуден: Американската НСА вмешана и во индустриска шпијунажа

Поранешниот службеник на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден, во новот интервју откри дека НСА е вмешана и во индустриска шпијунажа.

Германската телевизија АРД објави писмено соопштение пред интервјуто кое ќе биде емитувано вечерва.

Во соопштението се наведува дека Снодуен изјавил дека ако германската компанија Сименс имала информации кои би го користеле САД, а не се однесуваат на безбедносните прашања, НСА за друго би можела да ги искористи тие податоци.

Телевизијата АРД не објави попирок контекст на оваа изјава на Сноуден така што не се знае точно зошто Сноуден ја обвуинува НСА во овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.