Сноуден: Дроновите создаваат повеќе терористи отколку што убиваат

дека не почнавме со бомбардирање на тие земји, во нив не беше присутна ИД. САД се водат од емоции, наместо од разум и без никаква смисла веднаш реагираат, оцени тој.

За масовното следење на комуникациите, што тој го откри, Сноуден изјави дека дури и тие што сметаат дека немаат што да кријат, би требало да се спротивстават на методите што ги користи НСА.

– Не станува збор за тоа дали имате нешто да криете, туку за тоа што можете да загубите. А, тоа што го губиме кога сме под набљудување е нашата човечност, истакна Сноуден.

Сноуден во 2013 година откри податоци за начинот на кој НСА масовно ги следела граѓаните, но и некои европски лидери. Тој изминатите две години се наоѓа во Москва и се соочува со затворска казна од 30 години во САД.