Сноуден и е благодарен на Русија за можноста да живее на слобода

Едвард Сноуден и е благодарен за можноста да живее на слобода и да учествува во важни глобални дискусии, како резултат на азилот од Русија, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Сега имам време да читам и внимателно да ги следам настаните во целиот свет“, изјавил Сноуден, како одговор на прашањето како го поминува неговиот живот во Русија.