Нови документи на Сноуден: Кого шпиунирале Британците?

Сноуден објави нови документи и откри кого шпиунирале Британците. Во објавените документи Сноден укажува дека Центарот за владини врски на Велика Британија во 2009-тата година ја отпочнал тајната програма под шифра „Карма полис“ за собирање и анализа на податоците на корисниците на интернет.

Од објавените документи јасдно е дека британската разузнавачка служба разбила тајна програма за следење на активностите на корисниците на интернет низ целиот свет.
Програмата „Карма полис“ ги анализира афинитетите на луѓето на интернет, вклучително и информативните страници и страниците на радио станиците што редовно ги посетуваат, како и дејството на социјалните мрежи и ситоријата на пребарувања. Сите овие податоци се проверуваат поради создавање своевидно досие и евентуално откривање на сомнителните дејствија на корисниците.

Програмата е отпочната без јавна дебата и без одобрение на парламентот. Според зборовите на Сноуден, масовното прибарање податоци не носи никаква корист за општеството.