Сноуден: Не сум руски шпион

Поранешниот службеник на американската Националната агенција за безбедност, Едвард Сноуден, ги отфрлил тврдењата на одредени американски политичари дека тој е руски шпион.

Сноуден истакнал дека самиот ги земал и ги откривал документите за тајните програми за надзор кои ги спроведувала НСА.

„Тие приказни за руските шпиони се апсурдни“, рекол Сноуден, наведувајќи дека „јасно и недвосмислено делував сам, без било каква помош, посебно од Владата“.

Во неделата двајца републикански конгресмени изјавиле дека е можнос Сноуден, кој добил привремен азил во Русија, украл документи со помош на странската земја, најверојатно Русија.