Сноуден: НСА го прислушува и Дејвид Камерон

Едвард Сноуден ја критикуваше Велика Британија затоа што учествува во светската мрежа на прислушување воспоставена од страна на Националната безбедносна агенција (НСА) на САД, нагласувајќи дека правата и потребите на британските граѓани се жртвувани, пренесува Раша Тудеј.

Тој во видео линкот што се емитуваше во Лондодн прашува зошто владата во Обединетото Кралство е толку воздржана и зошто толку многу се плаши од сопствениот народ.

– Затоа што ако ние знаеме што прават, ние можеме да ги спротивставиме нашите легални јавни предизвици на нивните активности и да успееме. Владата во Обединетото Кралство не се обидува да постигне цивилна слобода, туку да ја ограничи, образложува Сноуден.

Сноуден вели дека безбедносната агенција во Велика Британија, заедно со сојузниците од САД била неодговорна затоа што дозволила НСА да инсталира технологија за набљудување и да диктира како таа ќе се користи.

– Системите што се користат во Обединетото кралство се дизајнирани од НСА, па така добивате американска опрема за прислушување во вашата земја, а властите едноставно веруваат дека НСА ќе им даде нешто што нема „задни намери“ и дека нема да го искористи против вас, вели Сноуден.

Прашан за тоа дали агенциите на САД ја користеле опремата и за прислушување на државните функционери во Обединетото кралство, Сноуден вели:

– Дејвид Камерон е во базата на податоци заедно со сите други!Норвешката Академија за литература и слобода на изразување. Академијата испрати писмо до властите и побара Сноуден да добие дипломатска заштита за да може лично да си ја подигне наградата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.