Сноуден открива: НСА е вмешана и во индустриска шпионажа

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, изјавил дека оваа агенција е вмешана и во индустриска шпионажа.

Германската јавна телевизиска станица „АРД“ објавила писмена изјава пред интервјуто со Сноуден, во која го цитира Сноуден кој вели дека германската компанија за инженеринг „Сименс“ поседува информации кои можат да им користат на Соединетите Американски Држави, но кои не се поврзани со националната безбедност, НСА сепак би ги искористила.

АРД не дал поширок контест на овие информации и не е јасно за што точно Сноуден ја обвинува НСА со тие информации.

Сноуден е соочен со криминални обвниненија во САД откако објави информации за масовна шпионажа на НСА.

Тој доби привремен азил од Русија.