Сноуден побара продолжување на азилот во Русија

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, побарал од руските власти за една година да му се продолжи рокот на неговиот привремен азил во земјата, објави денеска „Москоу Тајмс“.

Сноуден  пред околу година и половина го предизвика можеби најголемиот скандал во светот со обелоденувањето на тајни документи за  американските програми за шпионажа. Азилот кој му го даде Руската Федерација на Сноуден истекува на 31 јули, а вчера бил крајниот рок за поднесување на молбата на рокот на азилот.

САД бараат нивниот државјанин да им биде предаден за да му се суди под обвинение за оддавање државна тајна.