Сноуден стан член на одборот на Фондацијата за слобода на медиумите

Едвард Сноуден, кој открил доверливи податоци за електронска шпионажа, стана член на одборот на американската невладина Фондација за слободни медиуми, соопшти оваа организација.

„Тој е најголемиот американски и мој личен херој“, рекол коосновачот на оваа невладина организација, Даниел Елсберг.

Сноуден, кој живее во Русија, каде што доби привремен азил, се согласил на овој предлог и формално ќе стане член на овој одбор во февруари.

Фондацијата за слобода на медиумите е основана во 2012-тата година заради промоција на слободата на говорот и пружање поддршка на новинарството.