Свет

Сноуден: Вашингтон уште незнае што добија новинарите

Сноуден: Вашингтон уште незнае што добија новинарите

Властите во САД сеуште немаат претстава каков материјал им е даден на новинарите, вели поранешниот припадник на американското разузнавање, Едвард Сноуден, објавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Тој вчера преку видеоврска од Русија се вклучи во голема конференција посветена на он-лајн и мултимедиската индустрија и култура, која се одржа во градот Остин, во американската сојузна држава Тексас.

Како што е веќе и’ е познато на светската јавност, Сноуден лани објави илјадници страници тајни документи на американската Агенција за национална безбедност (НСА), од кои се виде дека американското разузнавање масовно собирало телефонски податоци и ги следело интернет комуникациите. Ова предизвика голем меѓународен скандал.

Некои технолошки компании веднаш се обидоа да се дистанцираат од дејноста на НСА и ги зголемијата нивоата на безбедност и кодирање.

„Видов дека уставот се прекршува масовно, но благодарение на она што го објавив значително се подобри безбедноста во комуникациите, нешто од што најголема корист имаат и граѓаните и светската јавност“, рекол Сноуден.