Сноуден: Вонземјани ни праќаат кодирани пораки

Најпознатиот информатор, Едвард Сноуден, кого САД го бара поради објавување на тајни дипломатски информации, тврди дека вонземјани ни праќаат пораки во шифри, па затоа не ги разликуваме од „вселенската врева“.

Сноуден наведува дека го решил таканаречениот „Фермиев парадокс“, односно дека одговорил на прашањето: Со оглед на тоа колку вселената е голема и колку е стара – како тоа луѓето се уште не примиле никакви сигнали?

Тој тврди дека потребата за шифрирање информации е универзална на Земјата, па нема причина зошто и вонземјаните да не ги кодираат своите пораки.

-Кога гледате добро шифрирана информација, воопшто не сфаќате дека е шифрирана. Информацијата тогаш е невозможно да ја разликувате од позадинската врева, наведува Сноуден.

Според неговото објаснување, кога ќе анализираме што фаќаат сателитите, или што се слушаме од нашата цивилизација, ако вонземјани навистина постојат, сите нивни комуникации за нас се кодирани.

-Она што го слушаме, вонземска телевизија, телефонски разговор или порака на вселенски брод, што и да е, не можеме да го разликуваме од вселенската радијација во позадина, прецизира Сноуден.

Научниците, пак, тврдат дека „супер напредна цивилизација“ не постои во делот од вселената кој е во близина на Сончевиот систем, па нема опасност од инвазија, ниту пат можност за „близок контакт со трет вид“.

Најновите истражувања покажуваат дека нема ниту трага од супернапредните светови, кои на скалата на развиеност се сместуваат во Тип 3.

Научниците истовремено, наведуваат дека човековиот вид се уште не дошол ниту до Тип 1, туку дека тоа ќе успее да го стори дури за сто до двесте години.