СНП: Се уште може да се избегне нов референдум за независност на Шкотска

Станува збор за договорот на шкотската со британската влада околу Брегзит и исполнувањето на барањето на Единбург за останување на Шкотска на единствениот пазар на ЕУ, без разлика на тоа, како ќе се определи остатокот од Велика Британија.

Веднаш по референдумот за ЕУ од 23 јуни минатата година, на кој мнозинството Британци, а пред се Англичаните, се определија за напуштање на ЕУ, шкотската Влада реагираше со изјава дека таа ќе настојува да остане дел од Унијата, означувајќи го тоа како прашање од национален интерес за Шкотска.

Шкотската прва министерка Никола Старџен побара од британската влада и од премиерката Тереза Меј во рамките на Брегзит да се постигне договор околу задоволувањето на шкотските интереси, при што остана барањето Шкотска да биде дел од единствениот пазар на ЕУ.

Старџен тогаш порача дека ако Лондон не ги исполни шкотските барања ќе стане „неизбежно“ одржувањето втор референдум за независност.

Британската Влада одбива да се изјасни околу шкотските барања, а не се согласува со давање посебен статус за Шкотска и веќе се определи за „тврд“ Брегзит, што значи дека освен од ЕУ, Велика Британија сака да излезе и од единствениот пазар, како и од царинската унија.

Целта на СНП е да се постигне компромис со британската Влада. Тереза Меј има се уште време да се договори со Шкотска и да спречи втор референдум, но времето брзо истекува, изјави Робертсон.

Првата министерка на Шкотска и лидерка на СНП, Старџен за идната недела најави дека ќе побара од шкотскиот Парламент да започне со процесот за нов референдум за независност, што би се организирал , или во есента идната година или на пролет во 2019.

Според нејзиното објаснување, иако има само 2,5 години од првиот референдум во Шкотска, на кој победи опцијата за останување во рамките на Велика Британија, ситуацијата од тогаш „драстично е изменета“ со изгласаниот Брегзит, кој шкотските гласачи го отфрлија со уверливо мнозинство.

Меј се спротивстави на барањето за ново гласање за идниот статус на Шкотска и тоа во време додека британската Влада ќе преговара со ЕУ, за повлекувањето од Унијата.

Таа ги обвини СНП и Старџен за „политикански игри“ со иднината на Велика Британија, најавувајќи дека Владата во Лондон нема да го подржи решението на шкотскиот Парламент за нов референдум.

На острата реакција од Меј, Старџен грубо возврати со пораката дека таа во Шкотска има мандат добиен од гласачите за да одлучува, додека Меј „нема мандат од никого“.

Како актуелен британски премиер, Меј го одработува мандатот што го освои Дејвид Камерон на изборите во мај 2015 година, кој поднесе оставка по поразот на рефереднумот за ЕУ. За негов наследник, таа не беше избрана од партиското членство, како што е тоа практика, туку само беше именувана од водството на конзервативците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.