Магазин

ВИДЕО: Снуп Дог е уапсен во Шведска, од затворот праќа видеа

ВИДЕО: Снуп Дог е уапсен во Шведска, од затворот праќа видеа

Американскиот рапер Снуп Дог е уапсен во Шведска поради сомнение дека употребувал дроги. Според него инцидентот бил расистички мотивиран.

Резултатите на урината негативни

Раперот кој накратко беше уапсен во Шведска бил пуштен на слобода по анализите на урината, кои биле негативнии.

– Сообраќајната полиција го уапси Снуп Дог (чија кола беше паркирана) по рутинска контрола, под сомнение дека возел под дејство на дрога. Беше уапсен и одведен во полициската станица, рече потпаролот на полициската станица за регионот Упсала, Даниел Нилсен за британските медиуми.

Како што појасни Нилсен, откако раперот бил однесен во полициската станица веднаш му бил направен тест на урината, кој се покажал дека е негативен.

Додека ги чекаше резултатите од тестот Снуп Дог во притвор сними и неколку видеа каде објаснува дека е уапсен без причина и дека се работи за случај за расно профилирање.

– Жал ми е за тоа, но никогаш нема да се вратам во вашата земја, рече луто Снуп.

Тој во следното видео, на неговите обожаватели во Шведска им појасни зошто нема намера повторно да дојде во следното видео:

– Ме доведоа тука, ме натераа да уринирам во чаша, не пронајдоа ништо. Но подобро е да ве претресат и да не најдат ништо, отколку кога воопшто не ве претресуваат. Видеото го завршува со псовка.

Снуп Дог е уапсен во Шведска е поради лошата репутација?

Можеби една од причините зошто Снуп Дог е уапсен, можеби тоа затоа што тој е добро познат по неговата „љубов“ за марихуаната која ја споменува често во неговите песни.

Тој исто така има и негова линија на голема хартија за виткање, а во 2012-тата објави и книга со неговите песни отпечатена на хартија за виткање, која што читателите можеа да ја кинат и со неа да виткаат „цигари“.

Следува видеото што беа објавено додека Снуп Дог беше во притвор.