Со 15.000 евра СДСМ ќе поткупува навивачи кои ќе поддржат населување мигранти во Аеродром

На одредена мала група од Фемили Аеродром им е ветена премија од 15.000 евра плус навивачка опрема доколку таа мала група успее да ги убеди останатите навивачи во општина Аеродром да го поддржат Златко Марин, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општината, пишува порталот Журнал.нет.

Овие пари доаѓаат од струјата во СДСМ којашто има направено договор со странски дипломати за прием на мигранти во Република Македонија, и тоа 150.000 на целата територија, со цел да ја добијат нивната поддршка за освојување и останување на власт. Од овие 150.000, 10.000 е предвидено да бидат населени во Општина Аеродром, и интегрирани во општеството преку квоти во образованието и обезбедување работни места.

Според планот, на потегот кај Населба Лисиче, односно делот меѓу улица Вардарска, улица Островска и просторот на Горно Лисиче, каде што може слободно да се каже дека живеат 100 отсто Македонци, СДСМ планира да никнат згради за вдомување на 10,000 бегалци, велат извори од партијата.

Во тој контекст, целата општинска гарнитура на СДСМ во Аеродром, предводена од нивниот кандидат за градоначалник Златко Марин, по секоја цена се борат да ја добијат локалната власт на општината и да го реализираат овој владин план.

Секако, за тоа следи и награда. Веќе „дебело“ искешираниот Општинскиот одбор Аеродром на СДС, почна и да се расфрла со парите со цел придобивање што повеќе гласови. Први на удар им се навивачите на МЗТ СКОПЈЕ или попознати како „Фемили Аеродром“. Втора социјална група би биле младите луѓе. Мал дел од нив се добро платени да организираат разни собиранки, забави и мали настани, како би анимирале голем дел од младата популација во општината.

Трета група би било работоспособното население, кое го распалуваат преку гужвите во сообраќајот и загаденоста на воздухот. Иако минатата зима Град Скопје со одлука дозволи бесплатен јавен превоз, како мерка за намалување на загадувањето во цел град, најпрво членовите и „душегрижниците“ за чист воздух од редовите на СДСМ тоа не го почитуваа, сведочат луѓе од партијата кои се против овој план.

Иако ситуацијата со мигрантите е комплицирана и тешка, сепак целата работа е многу подлабока. Ако се вратиме 15 години наназад, кога последен пат СДСМ ја освои централната власт, ќе се видат неколку работи кои и сега се случуваат. Прво, на ист или во најмала рака на сличен начин ја освоија власта. Со прислушувани разговори со помошт на Зоран Верушевски, со немири итн.

Доколку се анализираат последните три години, повторно истото. Се започна со немирите во Собранието на РМ од страна на пратениците на СДС, кога сакаа да исценираат инцидент, потоа, Диво Насеље, прислушкувани разговори, уцени, шарената револуција, кршење на државен имот, за на крај на 11 декември, со загубени избори да формираат влада, со огромна поддршка од страна на одредени амбасадори.

И додека оваа марионетска влада во предизборието ветуваше 500 евра плата, 16.000 денари минималец, инфраструктура како во Јапонија, сепак на крај добивме еден добро искеширан „добрососедски“, еден „швајцарски“ закон за јазици и како јаготка на шлагот, „убава“ програма за вдомување на околу 150.000 бегалци… ни помалку, ни повеќе, велат доброупатени извори.

Сигурно повозрасните се сеќаваат на оние 130.000 државјанства на лица од Косово во 1994 година, чисто за поддршка на Киро Глигоров на вторите Претседателски избори, потоа оние 300.000 бегалци исто така од Косово во 1999 година, кои голем дел од нив останаа во Македонија и добија државјанства од страна на владата на СДС во периодот од 2002 до 2006 година. Тогаш, вкупно се зголеми населението во Македонија за околу 12 отсто. Сега, според новата програма, на новата марионетска влада на СДСМ, планиран е пораст од околу 7,5 отсто на населението.

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на влез на мигранти на територијата на Република Македонија, иако имаше исти притисоци од страна на одредени Амбасади. Причината е едноставна: социјален немир и пад на економијата, зголемување на невработеност и понизок стандард – ситуација која најмногу им одговара на некои земји кои не сакаат да ја видат Македонија просперитетна држава и секако на одредени лица кои добро заработуваат од разнебитувањето на државата.

Најинтересен е фактот што овие бегалци е планирано да бидат населени во општини со мнозинско македонско население. Тоа би значело рушење на хомогеноста на македонското население и секако вметнувањето на двојазичноста во тие општини, како што е општината Аеродром. На тој начин, пред се би го оправдале Законот за територијална поделба и секако „швајцарскиот“ Закон за употреба на јазиците.

Screenshot_1-2

Со цел да ги убедат граѓаните дека оваа иницијатива е сосема нормална, нивниот кандидат за градоначалник Златко Марин, заедно со десетте советници во општината, организираат секојдневни „собири со граѓани“, на различни локации во општината. Сепак, граѓаните ја почувствуваа нивната болна потреба за власт по секоја цена и на овие т.н. собири присуствуваат едвај 20 луѓе, кои веројатно се и нивни членови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.