Македонија,Крими хроника

Со 150 км на час и го пресекол патот на делегацијата, драма на Бит Пазар

Со 150 км на час и го пресекол патот на делегацијата, драма на Бит Пазар

Вистинска драма се случувала вчерaвчер во центарот на Скопје. Очевидци за порталот Press24 велат дека автомобил со огромна брзина влетал во делегација која под полициска придружба се движела од кај Стоковна куќа Мост.

-Имаше полицајка која го регулираше сообраќајот и ја чистеше улицата за да помине делегацијата. Тогаш еден возач со огромна брзина, од правецот на Бит Пазар им пресече пат и влезе во делегацијата. Полицијата веднаш реагираше. Со вклучени ротациски светла тргнаа по него, но тој се одвои и замина во правец на Центар, каде најверојатно успеале да го застанат, вели очевидец на настанот.

Додава дека сликата била страшна бидејќи малку фалело, возачот со огромна брзина да се забие во некое од возилата кое очигледно превезувало некоја важна личност со оглед на полициската придружба.

Од полицијата се уште нема официјална информација за овој настан.