Со 17 интервенции против Монпелје, Штербик обезбеди место во идеалниот тим за ова коло од ЛШ

Штербик имаше маестрална партија против Монпелје со што заслужи место во идеалниот тим за ова коло во ЛШ

Штербик забележа вкупно 17 интервенции и беше еден од главните виновници за победата на “црвено-црните” на гостувањето во Франција.

Покрај Штербик, во најдобриот тим се најдоа уште Андерс Егерт, Лука Митровиќ, Деан Бомбач, Холгер Гландорф, Кристијан Бјорнсен и Тиаго Роча.

Идеален тим на 1-во коло во ЛШ:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Андерс Егерт (Фленсбург)
Лев бек: Лука Митровиќ (Елверум)
Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)
Десен бек: Холгер Гландорф (Фленсбург)
Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад)
Пивот: Тиаго Роча (Висла)