Магазин

Со „Англес 8“ завршува 34. Скопски џез-фестивал

Со „Англес 8“ завршува 34. Скопски џез-фестивал
Со „Англес 8“ завршува 34. Скопски џез-фестивал

Со концерт на осумчлениот шведски бенд „Англес 8“ кој свири современ џез како комбинација од разновидни музички влијанија, вечер во МОБ завршува 34. Скопски џез-фестивал.

Пред „Англес 8“ настапува монтреалското дуо – Сара Нуфелд и Колин Стетсон, кои на виолина и саксофон создаваат богати и егзотични звуци.

„Англес 8“ е формиран во 2007 година од алт-саксофонистот Мартин Кихен како „Англес 6“. Со наслов „Every woman is a tree“ таа година групата реализира снимка за „Cleen Feed“ од својот втор концерт во Стокхолм. Следуваат уште две концертни изданија, период во кој на бендот му се приклучуваат уште тројца членови, двајца нови и еден кој го заменува Магнус Бро со што ансамблот прераснува во „Англес 8“.

Сара Нуфелд и Колин Стетсон ги комбинираат своите соло-пристапи на лесен, бескомпромисен начин во израз што потсетува на некои нивни минати дела, но истовремено е нов и возбудлив.

Годинашниот Џез фестивал почна во четвртокот со настапите на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер и меѓународно реномираниот тромбонист од Италија Џанлука Петрела. Завчера на програмата беа германскиот пијанист Јоаким Кин, еден од најзначајните претставници на џез-авангардата, и триото на Авишаи Коен од Израел, кој е меѓу најголемите светски виртуози на контрабас.