Со автомобил удрил во автобус

Едно лице е тешко повредено во судри на автомобил и автобус, вчера на патот Куманово -Свети Николе, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 7.15 часот. Тогаш автомобил „форд фиеста“, што го управувал И.Т.(35) од Свети Николе се судрил со автобус „МАН“ управуван од К.Ј.(59) од Делчево.
Во несреќата тешко бил повреден И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип.

Поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.