Со автомобил удрил во куќа во Волково

Момче и девојка од Скопје се тешко повредени откако со автомобил се забиле во ѕид од куќа во селото Волково, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 4.20 часот на улица 100 во селото. Тогаш автомобил „цитроен Ц 2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Х.Ѓ.(21) од Скопjе, удрилo во бетонски ѕид од куќа. Од ударот тешко бил повреден возачот и сопатничката Н.П.(19) од Скопје.

Тие со возило на Итна медицинска помош  биле пренесени во Ургенетен центар при комлекс клиники „Мајка Тереза“ , каде им биле  констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување. Извршен е увид на местото на настанот.