Со бегањето од итна седница на Советот, Заев прифаќа дека е виновен за поткупот

Опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев на седниците на општинскиот Совет  не сака да се говори за примањето поткуп од негова страна од 200.000 илјади евра, откако беше фатен жив по снимката која османан на каналот Јутјуб, пренесува „Курир“.

Поради  скандалозната снимка беше побарана вонредна седница на советот во општина Струмица, но претседателот на Советот, Јосиф Христов, не го прифати барањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за свикување вонредна седница, велејќи дека барањето не било уредно.

Струмичките советници од ВМРО-ДПМНЕ побараа градоначалникот да свика седница на општинскиот совет за да разговараат за актуелните случувања. Велат – ако не го стори тоа, докажува дека е виновен и треба да си поднесе оставка. Претходно, претседателот на Советот го одби барањето за вонредна седница со објаснување дека не е уредно…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат лично Заев да свикa седница на Соевтот, на која, според нив треба да одговори на прашањата поврзани со последните политички случувања. Доколку не ја свика седницата, за советниците од ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ, како што наведуваат, дека е директно одговoрен и виновен и треба да си поднесе оставка.

– Го повикуваме Заев да свика седница на Советот на Општина Струмица и лично да им објасни на сите граѓани како се прават зделките во четири очи, како се плаќа една парцела државно земјиште на повеќе места и уште многу други прашања кои се од јавен интерес. Доколку Заев не собере храброст и не се појави лично да одговори на прашања на кои тој е најповикан да даде одговор, јавноста ќе се увери дека Заев е директно одговорен и виновен и како последица ќе мора да си поднесе оставка, рече Душан Спасов, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица.

И покрај барањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица градоначалникот да свика седница на општинскиот совет за да разговараат за актуелните случувања, Заев не сака да дискутира на отворена маса и бега од одржување на една тааква вонредна седница.