Со денешните протести СДСМ и сврте грб на полицијата

СДСМ и денеска, во ситуација кога полициските сили се ангажирани во Куманово во сузбивање на криминално терористичка група организираше протести против македонската полиција, пишува „Курир“.

Најпрво платениците на СДСМ, братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски и Џабир Дерала повикаа на протести против полицијата кои во вторникот завршија со брутално насилство пред Владата во кој беа повредени 28 полицајци.

Потоа, пред Владата според редовниот декор се појавија група на млади луѓе и партиски активисти на СДСМ кои продолжија со протестите. По службена должност беа ангажирани полицајци кои го обезбедуваа самиот протест, со што се влијае во намалување на капацитетите на македонската полиција која наместо целосно да се фокусира кон случувањата во Куманово сега мора и да се обезбедува протестот на СДСМ, кој самиот е наменет против полицијата.

СДСМ со ова директно удира по грбот на македонската полиција и ја загрозува безбедноста на државата и граѓаните. Ваквата бесчуствителност е само продолжение на насилните протести кои оваа партија ги организираше во вторникот каде полицајците беа удирани од протестантите со бекатон плочи, стапови, палки, запалени бакли, молотови коктели.