Македонија

Со државниот испит се руши комодитетот на професорите

Со државниот испит се руши комодитетот на професорите

Со измените во Законот за високото образование и воведувањето на државен испит чија основна цел е да го подобри квалитетот на образованието, се нарушува комодитетот на професорите, што според познавачите е главната причина дел од нив да се противат на измените.

Со новините во високото образование се затегаат и заоструваат критериумите и условите за работа на наставниците и професорите, а истовремено се воведуваат финансиски награди ако некој успее истите да ги исполни.

Главен генератор во отпорот кој може да се види кај помал дел од професорите, бидејќи мнозинството од професори излезе со поддршка за измените, не е поради воведувањето на државниот испит, туку поради новите услови кои ќе го нарушат нивниот комодитет.

Непосредно пред вчерашниот студентски протест, бепе формиран таканаречен професорски пленум , каде неколку професори порачаа дека го формирале тој форум за да го изразат мислењето и незадоволство од предложениот закон. Имајќи во предвид дека државниот испит директно не ги задира професорите, станува јасно дека всушност професорите се борат против новите законски измени кои можат да го нарушат нивниот личен комодитет, односно против нивниот евентуален неквалитет да не дојде до израз, односно да не се открие.

Според новите услови кои се предложени, заострени се критериумите според кои од професорите се бара да имаат објавен труд во списанија си импакт фактор кои се меѓународно признати и прецизирани со закон.

Обрската професорите да се занимаваат со научна работа и да објавуваат трудови со импакт фактор вчера ја коментираше и поранешниот министер за образование, Никола Тодоров, според кого од ова зависи дали еден универзитет ќе биде поквалитетен или помалку квалитетен, односно еден од индикаторите по кои се оценува факултетот е бројот на објавени трудови со импакт фактор од професори на тој факултет.

-Професорите се научници, доктори на науки, тие имат обврска да се легитимираат пред нивните колеги. Со објавувањето на трудовите на импакт фактор, тој се легитимира пред неговиот колега во Данска, Швајцарија, Америка… професорот објавува труд и тој труд потоа е евалуиран, некој го цитира, некој го критикува. Може да го споменеме професорот Горазд Росоклија, се легитимирал човекот, објавил илјадници трудови, последниот труд што го објави излезе на насловна на Њујорк Тајмс. Го цитираат. Тој и таквите како него се правило во сите земји во светот. Не е добро што само тој е исклулок кај нас, тоа треба да го промениме. Како да дојдеме до квалитет ако не направиме промена. Ако си професор и предаваш ан студенти и ако сите студенти ти паднат на државен испит, дали си квалитетен професор? Државниот испит треба тоа да го анулира целосно, вели Тодоров.

Познавачите сметаат дека објавувањето на научни трудови во високо влијателни светски списанија е број 1 критериум во развиените држави за доделување на грантови и промовирање на повисоки звања на академскиот персонал. Со овој факт треба да се соочат и нашите професори.

Упатените коментираат дека затегнувањето и заострувањето на критериумите и условите за работа на професорите, како што е објавувањето на научни трудови со импакт фактор, е главната причина поради која тие ги храбрат студентите се помасовно да излегуваат на протести, иако вчера се покажа дека отпорот против државниот испит се намалува и мнозинството на студентите се одлучуваат за поддршка на реформата која ќе биде од нивна полза.

После ова, се поставува прашањето дали отпорот на дел од професорите навистина е поради приклучување кон борбата на дел од студентите против државниот испит, или пак всушност се борат на површина да излезе евентуалната некадарност на професорите? Во предлог измените на високото образование се опфатени и едното и другото.

Измените во високото образование, покрај главната цел да донесат високобразовани квалитетни кадри кои со знаење ќе ја заслужат дипломата, има и за цел да ги заостри критериумите и да го анулира неработењето на професорите по меѓународно конкурентни стандарди, со што битката на професорите се темели на можноста да се наруши нивниот личен комодитет.