Со џиновска пастрмајлија почна „Штипска пастрмалијада 2014“

Со претставување на џиновската пастрмајлија, денес на пладне во Штип неофицијално започна годинашнава манифестација „Штипска пастрмалијада 2014″.

По седми пат, штипјани ќе бидат домаќини на оваа уникатна манифестација на која се очекува да присуствуваат над 100.000 посетители, пренесува порталот „1.мк”.

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, денес ја пресече џиновската пастрмајлија долга околу два метри по што истата ја вкусија стотина штипјани кои присуствуваа на настанот.

500pastrst5

– Можам да ги поканам сите добронамерници да дојдат во Штип, бидејќи во следните четири дена, Штип ќе биде центарот на Македонија. Овде ќе се случува една врвна манифестација која ќе го претстави Штип во најдобро светло. Се е подготвено и под контрола, сите штандови се поставени и веќе од оваа вечер очекуваме да се претставиме како одлични домаќини, изјави Захариев.

2500pastrst9

Официјалното отворање на манифестацијата е вечерва во 19:00 часот. Освен штандовите, за прв пат е утврдена и кампинг-зона во коритото на река Брегалница, каде за секој кампер, организаторот обезбеди по една пастрмајлија за ручек.

Вечерва главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска а утре турбо-фолк изведувачот Аца Лукас, додека во сабота на штипјани ќе им се претстави Жељко Јоксимовиќ.