Со експлозивна направа сакал да влезе во Македонија

Поради неовластено пренесување на експлозивна направа преку државната граница, граничната полиција регионален центар Запад, против албанскиот државјанин Д.К.(22) поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Основниот суд во Дебар му изрече мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од три години и парична глоба од 100 евра.

-На 30-ти минатиот месец, кај пријавениот, полициските и царинските службеници на граничниот премин Блато-Дебар, пронашле една детонаторска каписла за активирање на експлозив со спорогоречки штапин во должина од осум сантиметри. Експлозивната направа била пронајдена при преглед на патнички куфер во момент кога пријавениот сакал да оствари премин на државната граница и влез во Република Македонија без претходно пријавување на експлозивната направа, соопштува СВР Охрид.

Настанот се случил на 30-ти минатиот месец околу 22 часот кога албанскиот државјанин Д.К. со автомобил „БМВ“ со албански национални ознаки пристигнал на граничниот премин премин Блато-Дебар.