Со еуфорична поддршка за Мисајловски најавена голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник за Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денес ја промовираше својата програма во Домот на културата, по што свечено беше пуштен промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник.Ѓорчепетровци масовно и еуфорично го поддржаа Мисајловски и најавија голема победа уште во првиот круг на 15-ти октомври. Мисајловски во своето обраќање пред огромниот број присутни во Домот на културата истакна дека без граѓаните, ништо нема да може да се направи.

-Кога ја добив понудата да се кандидирам за градоначалник веднаш прифатив. Тука сум роден, тука сум израснат, целиот живот сум го поминал меѓу вас и затоа имам толку голема енергија. Мојата енергија ќе биде од вас за вас, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски истакна дека имаат јасна визија, цел, конкретна и точна програма за Општина Ѓорче Петров да стане уште подобро место за живеење, модерно и урбано за сите граѓани.

-Водејќи се од потребата за современо живеење посетивме многу куќи, се видовме со многу жители, ги видовме сите потреби и ветивме. А од ветеното не бегаме. Ден по ден, проект по проект заеднички ќе реализираме. Се што сме ветиле за доброто на нашите деца, за сите, за Ѓорче, најубавото Ѓорче во Град Скопје. Инфраструктурата ќе биде мој најголем приоритет, нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров. Во наредниот планирано е да се асфалтираат над 100 улици во Ѓорче Петров. За да ја зголемиме безбедноста, заедно со Градот Скопје ќе изградиме нови кружни текови. Не помалку важно, но приоритетно и е подобрување на водоснабдувањето и изградба на канализационите мрежи, нови паркинг места, осветлување низ општината, изградба на рекреативни патеки. Сето ова се проекти излезени од вашите потреби, истакна Мисајловски пред големиот број граѓани, рече Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.