Со фалсификувана потврда за работен однос подигнал кредит

Кривична пријава заработи 30 – годишен скопјанец кој со фалсификувана потврда за работен однос подигнал кредит.

М.И. се товари дека сторил две кривични дела „Фалсификување исправа“  и „Измама при добивање кредит или друга погодност“.

Како што јавува МВР, на ден 03.07.2014 год, и 06.05.2014 година пријавениот во Скопје, со намера за себе да прибави Потрушувачки кредит и кредитна картичка од Стопанска банка, употребил фалсификувана потврда за редовен работен однос на нето плата.

По ова од страна на банката, врз основа на употребените фалсификувани документи,  му бил одобрен и исплатен кредит во износ од 240.000.00 денари како и дозволен лимит од 76.000.00 ден, на кредитна картичка за кои износи и ја оштетил банката..