Со фалсифкувани банкноти плаќале на бензиска станица

Велешката полиција поднесе кривична пријава против Р.З.(37) и Џ.З.(41), двајцата од село Горно Јаболчиште, велешко, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 5 септември 2014 година, пријавените на бензинска пумпа во Велес платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Подоцна  кога од страна на вработената е пријавено делото, полициски службеници извршиле преглед над лицата и возилото што го управувале, при што се пронајдени уште две банкноти од по 1.000 денари и по една банкнота од 500 и 100 денари, кои подоцна од извршеното вештачење е утврдено дека се фалсификувани.