Со „Гурман фест“ означен почетокот на туристичката сезона во Дојран

Трета година по ред со манифестацијата „Гурман фест“ и официјално беше означен почетокот на туристичката сезона во Дојран.

Риба на скара,зелник со риба,плескавици од икра, сарми и баклави беа само дел од дојранските специјалитети што големиот број гости имаа можност да ги вкусат.

Покрај домашните, гости имаше од сите соседни држави кои сакаа да пробаат од сите специјалитети.

Од општината навестуваат успешна сезона на Дојран во сосема нов лик.

Дојранчани се надеваат дека ,,Гурман Фест,, ќе ги поттикне угостителите во своите понуди да ги имаат токму овие специјалитети. На тој начин ќе бидат препознатливи, а и поразлични од другите.

фото: Вечер