Македонија

Со хуманитарна активност АМС и СОС детското село го одбележаа Меѓународниот ден на спортот

Со хуманитарна активност АМС и СОС детското село го одбележаа Меѓународниот ден на спортот

Спортот има моќ да сплотува,да го гради принципот на почит кон противникот и фер играта, принципи кои особено денес им се најмногу потребни на сите чинители во нашето општество. Покрај тоа, спортот има единствена моќ да ги мобилизира, привлече и инспирира луѓето ширум светот.

По тој повод, во пресрет на 6-ти април, Меѓународниот ден на спортот прогласен со резолуција на Обединетите нации, денес од Школка во Градскиот Парк во Скопје, двајца храбри млади луѓе, Љупчо од Скопје и неговиот другар Даниел од Бугарија тргнаа заедно да реализираат реализираат хуманитарна велосипедска тура за дечињата од СОС-детското село ќе. Тие, во следните неколку недели ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји. И тоа само на велосипеди.

Настанот беше организиран од СОС – Детското Село, а поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Општината Гази Баба.

Пред тргнувањето од Градски Парк на двајцата младинци, поздравно обраќање одржаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Директорот Спасески во својот говор потенцираше дека спортот помага во промоција на идеите за мир, толеранција, правда, ненасилство и солидарност и ги учи младите луѓе дека нема кус пат кон успехот, зошто за постигнување на успех на било кое поле, потребна е волја, упорност и работа.

„Победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Токму оваа мисла во вистинска смисла ја претставува заложбата, истрајноста и посветеноста на Љупчо и Даниел во името на хуманоста да го направат овој спортски подвиг. На тој начин уште еднаш ќе потврдат дека спортот е дел од нашето секојдневие и најдобар амбасадор надвор од нашите граници,” потенцираше Спасески, порачувајќи им на Љупчо и Даниел да бидат истрајни, да веруваат во себе и да бидат сигурни дека зад себе ја имаат поддршката од целата македонска јавност и од сите релевантни институции.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски истакна дека е горд што еден проект како СОС Детското Село се наоѓа на територијата на општината Гази Баба и додаде дека секогаш општината ја дава потребната поддршка на СОС Детското Село.