Со идејата за федерализација, СДСМ бесрамно тргува со македонските националните интереси

Со идејата за федерализација, СДСМ бесрамно тргува со македонските националните интереси
Со идејата за федерализација, СДСМ бесрамно тргува со македонските националните интереси

Во колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски стратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики во колумна соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера, Героски, на тоа  гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

-Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајќи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишува Героски.

Заговарањето на вакви сценарија, е веќе видено од стратезите на СДСМ.

Исто како Героски мисли и опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено побара на една косовска телевизија за рекомпонирање на рамковниот договор, официјализирање на двојазичност по сите основи, а Љубомир Фрчкоски исто така од СДСМ јавно побара Албанец за премиер.

geros thumb medium500 281

Експертите велат дека вака опозицијата покажува дека нема тронка национално единство и дека има морбидни замисли.

Професорката Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за „Курир“ вели дека ваквото однесување на опозицијата е газење и сквернавење по македонската национална историја, по идејата на славните македонски борци кои загинаа за каузата Македонците да живеат во една, во своја македонска република и во своја македонска држава.

-Очигледно е дека македонската опозициска политика ги отвори сите карти и веќе без срам и без тронка национално достоинство почна да тргува со македонските национални интереси како на пазар Буквално како куртизани на улица почнаа да си ги нудат своите услуги. При тоа за

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.