Со идејата за федерализација, СДСМ бесрамно тргува со македонските националните интереси

боравија или направија превид за една многу важна работа во политиката. Заборавија дека пред да излезат на улица со својот есап, со своите морбидни замисли, дека прво што треба да направат е да го прашаат народот што мисли за овие нивни размислувања, да видат дали народот се согласува со овој нивен пазаров и со овие нивни услуги. Во тоа е всушност и суштинската разлика меѓу куртизаните, од една, и вистинските политичари, од друга страна. Дали народот ги овластил за правење пазар со вакви сериозни прашања и кој ќе ја преземе одговорноста за изнесениве тези и предлози кои немаат никаква поддршка од страна на македонските граѓани. Исто така треба да им биде јасно дека овие противуставни предлози се едновремено и казниви дела против државата. Федерализацијата на државата е идеја или концепт кој е во директна спротивност со Уставот на земјата и со целокупниот правен и политички систем на Република Македонија. Тоа е комлетно ново дефинирање и редизајнирање на државата со исклучително штетни долгорочни последици по македонскиот народ, неговиот идентитет и неговото достоинство. Тоа е газење и сквернавење по македонската национална историја, по идејата на славните македонски борци кои загинаа за каузата македонците да живеат во една, во своја македонска република и во своја македонска држава. Има само една добра работа од целава оваа состојба. Конечно маските на СДСМ паднаа. Сега барем народот може со свои очи да види што е што, и кој е кој, вели Каракамишева.

За потсетување, во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.

Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неодамна во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.