Македонија

Со измислениот венец Борјан му подготвуваше терен на Зоран Заев

Со измислениот венец Борјан му подготвуваше терен на Зоран Заев

Соросовиот новинар Борјан Јовановски со измислената приказна за наводниот венец во вторникот навечер, практично му готвеше терен на опозицискиот лидер Зоран Заев за вчерашната прес-конференција, пишува порталот Курир.

Во јавноста јасно се покажа дека целта со наводното доставување на венец во домот на Јовановски не ништо друго, туку само креирање на фама и своевиден трик за да се привлече вниманието на јавноста. Опозициските експоненти во ваквото морбидно сценарио отидоа дотаму да купат нов венец реквизита, за да парадираат пред Владата и даваат изјави прогласувајќи се за жртви.

Истрагата за случајот уште незапочната тие посочија виновници и го вперија прстот кон Владата, а истиот ден лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе на прес-конференција на која пушташе креирани, монтирани и прелепувани материјали, токму на темата медиуми.

Интересно е дека доставувањето на венци е карактеристика на дејствувањето на СДСМ. Имено, претходно јавноста беше запознаена дека погребален венец бил доставен до домот на Стевчо Јакимовски како поздрав од СДСМ поради неговото одвојување  од партијата.

-Тие дното го допреа со тоа што ми поставија пред мојата врата венец со запалена свеќа и црн повез на кој пишуваше „Почивај во мир Стевче“. На секоја тараба пишуваа недолична содржина, му се закануваа на моето семејство, облекуваа кучиња со мои маици. Ништо од нив не може да ме изненади, рече Јакимовски.

Истовремено, познавачите коментираат дека ваквите местенки на СДСМ се стара нивна метода практикувана уште од деведесетите кога СДСМ делеше пропаганден материјал, летоци на бугарски јазик, при што сакаше да ги прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад таквиот чекор.

Од друга страна, во ваквото морбидно сценарио со измислениот венец се покажува до каде може да се оди во водењето политика. Борјан Јовановски си го злоупотреби и своето семејство и од тоа сакаше да направи фама и скандал. Но, се поставува прашањето дали гласноста на Јовановски е дефокус од вистинскиот скандал за кој напиша и новинарот Миленко Неделковски, дека на сметката на Јовановски минатата недела легнале 68 илјади евра, пари дојдени од странство, пари за кои Јовановски не демантираше и не кажа од кого се и за што се.

-На сметката на Борјан Јовановски, шпиунот од Брајчино, минатата недела легнале 68.000 евра, пари дојдени од странство. Од кого се? За што се? Доволно ли се?, напиша Неделковски.

Истовремено, во вештачки креираниот скандал и глумењето жртви се вклучија истите ликови кои се активни учесници во сите скандали на СДСМ поврзани со медиумите. На улица излегоа новинарите кои се на платниот список на СОРОС. По осамнувањето на фотографија на сопругата на Јовановски со погребалниот венец се кренаа медиумите на СОРОС и без било каква истрага, а и без било какви докази веднаш донесоа пресуда и посочија прст во Владата дека стои позади ова. Вчера тие донесоа пред Владата различен венец од тој со кого се сликаа првично, што говори за желбата за правење на театар, лагите кои ги креираат и самопрогласувањето на жртви.

Во јавноста одамна нема дилема колку тежи “професионалноста“ на опозициските новинари кои жолчно ги бранат опозициските политики. Таа е мерлива и се изразува во апсолутни бројки, 93 милиони евра. Толку Фондацијата СОРОС инвестирала во професионалните новинари на СДСМ на во последните 20 години.

Оваа фондација ги финансира медиумите како Плусинфо и Слободен печат на Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов, Нова ТВ на Борјан Јовановски, Бриф на Ленче Николоска, А1.он на Предраг Петровиќ, Фокус, порталот Центар њуз и многу други нивни сателити.  Зад дел од истите тие луѓе седат и редица други афери директно поврзани со СДСМ.  Во јавноста уште свежа е аферата на новинарите бизнисмени која ја објави Дневник, односно фактот што новинари блиски до СДСМ имале фирми и наместо новинарство бркале бизниси.

Па така, на тој список главни беа Бранко Героски, Ацо Кабранов, Билјана Секуловска, Менче Точи, Борјан Јовановски и Оливера Трајковска, која имала заедничка фирма со Софија Куновска од СДСМ. Токму медиумите во кои работат овие новинари добиваат огромни суми на пари од СОРОС годишно кој располага со буџет од над 5 милиони евра, кои се ставени на располагање на опозицијата.

Во целиот амбиент и корумпирањето на медиумскиот сецтор се додаваат и граѓанските асоцијации зад кој стои партиска реторика како Прогрес, Контрапункт, Плоштад Слобода, Транспарентост… и редицата пленуми кои се продолжена рака на СДСМ.

Тука секако е аферата Фабрика каде биле ангажирани новинари да фабрикуваат текстови во корист на владата, а во која беа споменувани имињата на Горан Теменугов, Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков и други.  Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.  Аферите на СДСМ и Бранко Црвенковски, Надеж 1 и Надеж 2 беа вредни милиони.

ФОТО: Курир