Со „југо“ се забил во столб

Жител на штипското село Чардаклија тешко е повреден откако автомобилот во кој се возел излетал од патот и удрил во столб.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 14.30 часот во скопско Ново Село, на крстосницата од улиците „1“, „2“ и Волковска. Тогаш В.Д.(31) од Чардаклија, управувајќи автомобил „Југо“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб.

По несреќата  В.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека сопатниците Р.К.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје, биле лесно повредени. Извршен е увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.