Анализи

Со какво оружје САД планираат да ја нападнат Сирија?

Со какво оружје САД планираат да ја нападнат Сирија?

Претседателот на САД јавно ја обелодени својата одлучност воено да ја нападне Сирија. А, со какво оружје ќе го стори тоа? И ако ситуацијата дојде до момент Русија да одговори, тогаш со што тие ќе возвратат? Одговор на овие прашања даваат воени експерти за руската телевизија „Цариград“ ТВ, пренесува НетПрес.

Доналд Трамп, завчера, објави милитантен коментар на социјалната мрежа „Твитер:

Русија ветува дека ќе ја собори секоја ракета, сите ракети, кои ќе бидат истрелани врз Сирија. Подготви се Русија, зошто тие ќе пристигнат – убави, нови и „паметни“. Вие не треба да сте партнери со животното кое убива со гас, кое го убива својот народ и се насладува на тоа, напиша претседателот на САД.

Ако Западот изврши напад, тогаш со што ќе биде тој? Ако Трамп ветува едноставно „нови и паметни“ ракети, а американското издание „The National Interest“ веќе ги откри конкретно нештата – тогаш тоа ќе бидат „Томахавк“ и AGM-86С. Тоа моментно се вооружувањата на американски воени бродови, лоцирани во близина на арената на борбените дејствија: ракетните пловила од класата „Арли Барк“ – „Доналд Кук“ (DDG-75) и „Карни“ (DDG-64), нуклеарните подморници „Џорџија“ (SSGN 729) класата „Охајо“ и „Џон Ворнер“ (SSN-785), како и класата „Вирџинија“. Освен тоа, според информации на медиумите, во близина на борбената арена се наоѓаат и десантниот носач на хеликоптери од класата „Иво Џима“, „Триполи“ (LPH-10), а исто така и француската регата D650.

Со што ќе напаѓаат

Кои се главните ударни инструменти на тие групи – повеќецелните крилести ракети за универзално базирање „Томахавк“, како и крилестата ракета за истрелување од воздух AGM-86? И двата типа се многу стари. Тоа се модели кои датираат уште од 70-те години од минатиот век.

Но, и покрај тоа, тие се добри ракети и повеќепати модернизирани. Се разбира, основата е „Томахавк“. Прво тоа е универзална ракета, додека типот AGM-86 е приспособен единствено за истрелување од стратешкиот бомбардер В-52. Второ, тие се многубројни и одлично работат. Основната карактеристика на таа ракета е можноста да врши летови на мала височина со следење на релјефот на теренот. Има голема прецизност, добра заштита од инфрацрвените радари, од радио и од визуелно нејзино откривање, како и значителен опфат на дејствие – до 2.500 километри.

Но, и недостатоците, меѓудругото, и’ се исто така сериозни – особено за моментните руски средства за радио-електронска борба: ранливост на радио-детектирање и радарно избегнување, мала брзина на летање – не е суперсонична (помала од брзината на звукот), односно има голема забележителност за средствата за против-воздушна и против-ракетна одбрана. За руските борбени сили воопшто не е тешко да се соборат тие ракети, што беше пример и во Југолсавија, или пак да се отстранат, што беше пример во Сирија, кога до целта стигнаа не повеќе од половината изстрелани, а реални штети нанесоа едвај една петтина од нив. Што се однесува, пак, до моделот AGM-86C CALCM, нејзиниот опсег е меѓу 200 и 400 километри, брзината, истот ака, не и’ е суперсонична, а моќноста и’ е до 1,5 тони тротил (според модификацијата). Убава ракета, моќна, но слободно може да се каже дека едноставно не е најсилниот соперник на руската С-400, со нејзниот опфат за откривање на цели од 600 километри, и гранична зона за прикривање од 400 километри. Руските системите за радио-електронска борба едноставно не им оставаат никаква шанса на американските ракети.

Сите се сеќаваат како оној прославен борбен брод „Доналд Кук“ беше заслепен, оглувен и доведен до состојба на нефункционалност против Л-175В „Хибин“, кој целосно му ја онеспособи електронската активност на американското пловило во 2014 година.

Потоа „Доналд Кук“ почна дополнително да се модернизира и можностите му се подобрија. А, „Хибин“ е малогабаритен носач на авиони. Во Сирија, исто така, е позициониран и комплексот за радио-електронска борба „Красуха-4“. Неговите карактеристики се тајни, но има информации дека способностите му се неколкупати поголеми отколку оние на „Хибин“.

Авиони и други дребулии

Во нападот на Сирија би можеле да учествуваат и борбени авиони на западната коалиција, објавуваат медиумите. Засега носачите на авиони не треба да се бројат. Единствено се соопштува дека од САД кон Средоземното море се движи ударна група на чело со носачот на авиони „Хари Труман“. Тој ќе пристигне на арената за борбени дејствија најмногу за 10 дена. А, до тогаш, или се’ ќе биде решено, или таа ударна група ќе ја изигра истата улога како и оние кои се приближија до Северна Кореја – се перчеа, заплашуваа, спроведоа воена вежба, и на крајот тивко си заминаа по Тихиот океан. Но, во нападот на Сирија би можеле да дејствуваат и американските и британските (ако вториве се одлучат на тоа) авиони. Нивните карактеристики, исто така, се познати, особенбо во споредба со руските авиони. Опишани се дузина случаи, кога најновите и многу фалени Ф-22 и Ф-35 претпочитаат да бегаат при приближување на рускиот Су-34. Не се страшен противник и за системите за против-ракетна и против-воздушна одбрана С-400, па дури и за С-300.

Не, никој не го спори спротивното, средствата за против-воздушна и против-ракетна одбрана си имаат свои ограничувања. Прво, така да се каже, ограничувањата се во квантитетот – против масовен напад, против голем број на крилести ракети, не можат да се борат. Едноставно ќе ги потопат со бројчана супериорност. Но, кој вели дека руските сили ќе чекаат да бидат збришани од бројчана супериорност. Началникот на Генералштабот на Руската армија, генерал Герасимов, не изјави напразно дека ќе бидат соборувани не само ракети, туку и сите средства и позиции од кои тие ракети ќе бидат истрелани. Каков смисол има да чекаш, додека борбената ескадрила ги дополнува своите лансирни единици во момент кога два проектила „Оникс“ или еден „Калибар“ се веќе истрелани? А, нели има и авиони кои можат да се снабдат со ракети од типот Х-35, наменети за уништување на борбени бродови.

Со нив, се’ што е пловило до 5.000 тони, со сигурност заминува на морското дно. Но, авионите можат да бидат снабдени само со две ракети.